X
 13.06.2019 Живот

Дали ова е најфункционалниот град во светот?

Кога ќе слушнете за урбана трансформација, обично мислите на огромни градови како Шангај, Дубаи, Хонг Конг или технолошки центри како Сан Франциско и Силициумската долина. Но, градовите што водат во модерната урбана револуција често се неочекувани.

Каласатама во Финска е буквално изграден од нула, но не за да функционира „на работ на Хелсинки“, туку овој град е поврзан со престолнината со мрежа на подземно метро. Станува збор за градско подрачје изградено во областа Сорнаин, каде што во 2008 година се наоѓала одредена инфраструктура за поморски транспорт. Но, на 1 јануари 2007 година била отворена станица на метро, а истовремено и канцеларии и станбени објекти, за до планираното завршување на оваа населба, 2030 година, жителите секој ден да заштедуваат еден час, со тоа што модерната област ќе биде добро организирана.

Граѓаните во оваа област повеќе никогаш нема да бидат заглавени зад камион за ѓубре додека се упатуваат кон работното место. Инженерите го опремиле целиот град со вакуумски систем за отпад, па така ѓубрето е повлечено во подземен центар за отстранување.

Уште еден дизајн што заштедува време е самиот распоред на градот. Училиштата, болниците и транспортот се близу едни до други и лесно се достапни.


Финскиот град Каласатама

- Пет минути плус поминати во прошетка во паркот, уште пет минути плус со децата пред да заминам на работа, пристигнување пет минути порано дома - вели Керко Ванханен, директор на програмата „Паметна Каласатама“.

- Вашиот живот е полесен бидејќи живеете во најфункционалниот град во светот - додава тој.

Во моментов само 3.500 луѓе живеат во Каласатама. До 2030 година луѓето што работат на градот се надеваат дека бројката ќе порасне до 25.000 и дека ќе се отворат 10.000 работни места.

До 2050 година се очекува 68 отсто од човештвото да живеат во урбаните средини, се вели во извештајот на ОН од 2018 година. Поради тоа, урбаната експанзија и иновациите се од витално значење.

Ова не е нов феномен: ваквите трансформации се случувале со векови, од градско планирање во Месопотамија до каналите од 17 век во Амстердам, инсталирани за одбрана и управување со водите. Но, сега развојот помалку е насочен кон инфраструктурата, а повеќе кон меѓусебно поврзан систем на уреди познат како Интернет на нештата.

Со пренасочувањето на 5Г, Интернетот на нештата има потенцијал да ги направи градовите поудобни - овозможувајќи технологија како што се сообраќајни сензори или автономни беспилотни летала.


Италијанскиот град Матера

Градовите не мора да биде изградени според поединечни спецификации. Античкиот град Матера во јужниот дел на Италија работи на тоа да стане еден од првите 5Г наменети градови. Тие веруваат дека 5Г може да му помогне на градот да стане центар на дигиталниот туризам, користејќи технологија како виртуелна реалност за да се покажат културното и уметничкото наследство на градот.

Но, високотехнолошките погодности доаѓаат по цена на размена на лични податоци.

- Податоците за вас се користат за доставување на сите видови јавни и приватни услуги, а луѓето се загрижени што значи тоа за нивната приватност - вели Џонатан Рајхентал, експерт за технолошки трендови во подем во урбани средини.

Како што се развиваат паметните градови, така владите треба да ја стекнат довербата на граѓаните за одговорно користење на нивните приватни податоци.

- Не размислувајте за паметните градови само како за технолошко решение, туку како за соработка. Вклучете ги заедниците, вклучете ги граѓаните. Многу е важно владите да работат заедно со бизнисите и граѓаните - вели Удо Кок, заменик-градоначалник на Амстердам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот