X
 28.12.2015 Образование

Германија вработува 8.500 наставници по германски јазик за децата-бегалци


Германија вработува 8.500 луѓе кои ќе им предаваат германски јазик на децата-бегалци. Земјата очекува бројот на новите бегалци кои ќе пристигнат во Германија да надмине еден милион во 2015 година, изнесува „Die welt“.


Околу 196.000 деца кои избегале од војната и сиромаштијата ќе влезат во германскиот образовен систем годинава. Биле создадени 8.264 специјални курсеви со кои ќе им се помогне да се вклопат подобро.

Германското министерство за образование известува дека 325.000 деца на училишна возраст стигнале до европската земја само годинава за време на најлошата мигрантска криза од Втората светска војна.

Германија очекува бројот на бегалци да стигне еден милион, што е петпати повеќе од бројот во 2014 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование