Повеќе од
30 лица во Германија и во Белгија загинаа, а десетици се исчезнати по големите поплави што предизвикаа рушење на куќи и носеа сè пред себе, пренесе „Асошиејтед прес“.
За сериозноста на ситуацијата најдобро сведочат фотографиите и видеата што постојано се објавуваат на социјалните мрежи, а на една фотографија може да се види германскиот град Алтенбург пред и по
поплавите.
На компилацијата од две фотографии објавена на „Редит“ се гледа огромната количина на вода која ги потопила улиците и куќите во малиот град.