X
 14.10.2021 Живот

„Мекдоналдс“ ќе им дава бесплатни оброци на наставниците и училишниот персонал во знак на благодарност

„Мекдоналдс“ следната недела ќе ја покаже својата благодарност кон наставниците овозможувајќи им бесплатен појадок.

Ова е дел од програмата наречена „Оброк благодарам“, која почна во 2020 година за да ги препознае оние луѓе што се наоѓаат на првата борбена линија во екот на ковид-пандемијата. За време на двонеделната кампања биле поделени 12 милиони бесплатни оброци во знак за благодарност.

За да го добијат оброкот, едукаторите, вклучително и наставниците, администраторите и училишниот персонал треба да се упатат до најблискиот „Мекдоналдс“ за време на часовите за појадок и да покажат валидна работна легитимација.

- Горди сме што им служиме на луѓето што ги прават нашите заедници подобро место и ова е време да им се заблагодариме на некои од нашите секојдневни херои - изјави претседателот на „Мекдоналдс“, Џо Ерлингер.

1
Фото: Wikipedia

За да ја рашири љубовта и благодарноста уште повеќе, „Мекдоналдс“ ги повикува обожавателите да му оддадат почит на нивниот посебен наставник користејќи го хаштагот #ThankYouMeal на „Твитер, „Тик-ток“ или „Инстаграм“. „Мекдоналдс“ ќе ги сподели најинтересните приказни на социјалните мрежи, а неколкумина среќници ќе бидат изненадени со бесплатна достава за појадок до нивното училиште.
 
Извор: Parents.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот