Труењето со храна погодува илјадници луѓе ширум светот секојдневно, особено во текот на летниот период. Вториот период кога труењето со храна е присутно се празниците.
„Дејли мејл“ пишува дека едни од најопасните намирници се месото и рибата поради можноста за појава на бактерии во нив. Доколку ви останало
риба од претходна прослава, треба да ја фрлите по 2 дена, особено доколку не била во фрижидер или конзервирана.
Месото може да се чува нешто подолго - до 5 дена, но само доколку го чувате прекриено со фолија или во посебни делови од фрижидерот. Бактериите може да се појават доколку месото се наоѓа на температура повисока од 8 степени.
Сосовите може да бидат опасни, особено кога се ставаат на храната со иста лажица. Тие треба да се изедат за најмногу 3 дена, што важи и за француската салата.
Јадењето
зеленчук вториот или третиот ден по неговата подготовка не може да биде штетно, но проблемот е кај растенијата кај кои се појавуваат габички, кои се размножуваат на собна температура. Тие најмногу ги сакаат компирите.
Рокот на траење на кремастите
колачи е 4 дена во фрижидерот, додека оние сувите може да траат 20-на дена. Тие ќе бидат посвежи ако се држат на суво и темно место покриени со крпа бидејќи во фрижидерот ја
повлекуваат влагата.