Уморот е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, а во зимските месеци сме почувствителни и потромави од вообичаено.
За жал, ова може да се припише на голем број проблеми, од хронични болести до рутини за спиење и јадење, што го отежнува дијагностицирањето на основната причина. Сепак, д-р Ерик Берг на својот јутјуб-канал откри дека во повеќето случаи причината за замор е многу посложена.
- Бев уморен голем дел од мојот живот и го надминав тоа. Се сеќавам дека возев наоколу со жена ми во доцните 20-ти години, целосно исцрпен, обидувајќи се да најдам продавница за здрава храна каде што можам да купам витамини кои ќе ми дадат повеќе енергија. Никогаш не дејствуваа - објаснува тој.
Тој вели дека всушност требало да разбере како неговото тело создава енергија.
- Сè започнува со митохондриите. Тие се како енергетска фабрика, длабоко во нашите клетки. Ако сте уморни, митохондриите се коренот на проблемот. За правилно снабдување на митохондриите, мора да ја јадете вистинската храна - додава д-р Берг.
Тој истакнува дека е тешко да не се чувствувате уморни доколку вашето дневно мени се состои најмногу од преработена храна.
- Таквата храна нема никакви енергетски или нутритивни фактори кои ни се потребни - вели тој.
Според „Харвард хелт“, храната која содржи масни киселини и протеини, како пилешко, мисирка, лосос, туна и јаткасти плодови, може да помогне во производство на енергија.
- Во производството на енергија може да помогне вежбањето и изложувањето на студена вода - вели тој.
Фото: Pixabay