Некогаш, патувањето трае премногу кратко. Тоа веројатно не е случајот со овие патувања. Гинисовата книга на рекорди ги чува најдолгите патувања во повеќе категории.
Најдолгиот мост
Мостот Данјан-Куншан во Кина е најдолгиот мост во светот со 164 километри над реката Јангце. Најдолгиот мост над вода исто така се наоѓа во Кина, но тоа е Џаоџоу Беј, долг 42 километри.
Најдолгиот ескалатор
Тој се наоѓа во Москва и има дури 740 скалила. Возењето трае три минути.
Најдолгиот непрекинат лет
Австралиската агенција „Кантас“ стои зад најдолгиот лет меѓу Сиднеј и Далас. Летот трае речиси 17 часа и поминува речиси 13.780 километри.
Највисокиот лифт
Најдолгото возење со лифт моментално се одвива во највисоката зграда во светот, Бурж Калифа, во Дубаи.
Најдолгиот прав пат
Најдолгиот прав пат во светот е автопатот 10 во Саудиска Арабија, долг 260 километри.
Најдолгиот пат со воз
Најдолгото патување со воз оди од Москва до Пјонгјанг, Северна Кореја и трае речиси 8 дена. Патувањето не е дозволено за странци од западот, па така многумина имаат можност да патуваат само до Владивосток.