На многумина им недостига патувањето оваа година. Што може да биде подобро од многу патувања и долг одмор? Многу бесплатни патувања, по можност во луксузно одморалиште на остров. Ова звучи нереално, но навистина постои натпревар во кој двајца ќе добијат бесплатни одмори на мексиканските Кариби за 20 години.
Натпреварот го организираат хотели кои се дел од здружението на хотели на Карибите во Мексико. Сè што треба да се направи за да се учествува во натпреварот е следење на официјалниот профил
@Come2MexicanCaribbean на „Инстаграм“ или „Тик-ток“ и објавување на најдобрите слики или видеа од претходни патувања на мексиканските Кариби.
Во објавата треба да биде означен
официјалниот профил и да се додаде #Come2MexicanCaribbean. Ќе победи оној со најмногу лајкови, споделувања, прегледи и коментари.
Победниците ќе добијат сертификат за ваучери за престои во различни луксузни одморалишта на популарни дестинации на мексиканските Кариби кои може да се користат 20 години. Во натпреварот се вклучени хотели од Канкун, Козумел, Тулум, Плаја дел Кармен и Исла Холбокс.
Натпреварот трае до 9 ноември. Ќе биде одберен еден победник од „Инстаграм“ и еден од „Тикток“, а добитниците ќе бидат објавени на 27 ноември.
Автор: Кетрин Алекс Бивен
Извор:
tripsavvy.com