Ким Лумелиус користи инвалидска количка веќе 20 години, но тоа не ја спречува да го истражува светот. Таа константно патува и покрај својот хендикеп, а истовремено пишува блог преку кој ги охрабрува другите лица со инвалидитет и им дава совети како да патуваат.
- Тоа е моја страст откако знам за себе. Претходно патував со мојот кум и сакам да запознавам други луѓе, култури и земји - изјавува Ким.
Блогерката има неизлечива болест на мускулите, но не дозволува тоа да ја спречи да патува. Вели дека нејзината формула за успех е внимателно планирање. Нејзиниот инвалидитет бара посебни услови, па затоа таа претходно мора да се погрижи сè да биде во ред.
За време на пандемијата, кога било тешко да се патува во странство, Ким ги истражувала местата околу нејзиниот роден град.
Извор:
Klix
Фото: Instagram (Printscreen)