X
 14.04.2020 Живот

Најлуксузните патувања со воз во светот

Има љубители на патувања и љубители на возови. Има и такви што сакаат и возови и патувања. Следниве возови се за сите бидејќи нудат прекрасни авантуристички и гастромонски доживувања.

Круз трејн севен старс“ е најлуксузниот воз во Јапонија, а според многумина и во светот. Тој функционира од 2013. Нуди дводневни и четиридневни тури низ островот Кјушу, а поминува покрај планини и покрај морскиот брег. На возот може да се возат само 28 патници, а побарувачката е толку голема, што патниците се одбираат преку лотарија.


Фото: cruisetrain-sevenstars.jp

Возот „Венис Симплон ориент експрес“ оди од Лондон до Венеција, а во текот на патувањето застанува во Париз и во Верона. Во возот се служи храна која одговара на локацијата, а самото патување изгледа како враќање во времето.


Фото: belmond.com

Со „Белмонд Ројал Скотсман“ може да ги истражувате езерата, природата и замоците низ Шкотска. Возот поминува низ прекрасни предели на земјата. Она што го прави уникатен овој воз е сауната.


Фото: belmond.com

Ровос рејл“ поминува низ Јужноафриканската Република. Патувањето трае три дена, а се поминува низ разни предели, меѓу кои и пустина и зелени предели. Погледот од возот е фасцинантен бидејќи на возот има балкони.


Фото: rovos.com

Белмонд Андиан експлорер“ тргнува во Куско, Перу, и продолжува низ Андите до езерото Титикака. Возот поминува на највисока надморска височина во споредба со другите возови. Внатрешноста на возовите е украсена со традиционални украси.


Фото: belmond.com

Махарајас експрес“ постојано се наоѓа на листите на најдобрите луксузни патувања. Секоја кабина во возот има приватен батлер, а на секое застанување се одржува церемонија за добредојде. Најпопуларна тура е онаа што во осум дена поминува низ најпознатите градови во Индија, вклучувајќи ги Мумбај, Агра и Њу Делхи. 


Фото: the-maharajas.com

Претседателскиот воз“ ги има најдобрите готвачи во светот. Возот оди од Порто до Кинта ду Везувио во долината Дуро. Патниците може да уживаат во приватни кабини и да уживаат во погледот додека ги чекаат оброците.


Фото: thepresidentialtrain.com

Ган експедишн“ е едно од најлуксузните патувања со воз во Австралија, кое трае четири дена. За време на патувањето возот поминува од Дарвин до Аделаида. Возот вози од 1924, иако сега е модернизиран.


Фото: greatsouthernrail.com.au

Л Канадијен“ нуди тура низ Канада, од Торонто до Ванкувер. Патувањето трае четири дена, а возот поминува покрај водопади, шармантни гратчиња и планини. Најдобро е да се патува во зима.


Фото: viarail.ca

Транскантабрико Гран Лухо“ е воз кој нуди тури во Шпанија. Четири коли од возот се оригинални од 1923 година. Возот е декориран за да изгледа како да сте се вратиле во времето пред 100 години. За време на патувањето, кое вклучува седум ноќевања, патниците уживаат во некои од најдобрите предели на Шпанија.


Фото: renfe.com

Транссибирската железница е позната насекаде низ светот. Таа постои 100 години. Возот тргнува од Москва и вози до Владивосток. За време на патувањето се нудат часови по руски јазик, а има и музика на пијано во живо. Барот во возот затвора по заминувањето на последниот патник. Цената за 15-дневното патување чини најмалку 16.995 долари по човек.


Фото: goldeneagleluxurytrains.com

Истрн Енд ориентал експрес“ постои од 1993 година. Возот застанува во Куала Лумпур, Бангкок и Сингапур. Внатрешноста на возот била инспирирана од „Шангај Експрес“, филмот со Марлин Дитрих. За време на патувањето се поминува низ прашума и древни храмови. За вечерите е потребна елегантна облека.


Фото: belmond.com

Автор: Кејли Рицо
Извор: travelandleisure.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот