X
 15.01.2019 Живот

Советот што извршниот директор на „Голдман Сакс“ им го дава на милениумците

Од 2016 година околу 70 отсто од вработените во „Голдман Сакс“ се милениумци. Според извршниот директор на „Голдман“, Дејвид Соломон, тие се многу талентирани и многу мотивирани.

Соломон споделил и еден совет кој често им го кажува на милениумците во однос на кариерата.

- Имате цели, имате амбиции и ќе биде тешко, ќе има потреси, ќе има подеми и падови. Но, не морате да ги имате сите одговори веднаш и не морате да стасате до крајот веднаш, не морате веднаш да знаете што е следно - истакнува Соломон.

Тој не е единствената успешна личност што го споделува овој совет. Оперативниот директор на „Фејсбук“, Шерил Сандберг, го популаризира концептот на кариерно напредување по вертикална линија, како замена за традиционалната скала. Наместо да прават предвидливи серии на чекори нагоре, од дипломирањето, па до пензионирањето, денешните професионалци прават латерални потези и неочекувани скокови.

- Некогаш ова значи преземање улога која може да е на исто ниво во различен тим, каде што можете да научите сосема нова вештина или може да смените улоги. Тогаш можете да напреднете во нешто друго каде што можете да ја искористите новата вештина што ја научивте - објасни Либи Лефлер, која соработувала со Сандберг во „Гугл“ и во „Фејсбук“.

Соломон сака да им кажува на амбициозните милениумци дека не мора да знаат каде ќе ги одведе патот на кариерата.

- Само живејте го животот и обидете се да уживате колку што можете повеќе - советува тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот