X
 03.10.2016 Живот

Тринаесетте заповеди на запознавањето

Секогаш е малку непријатно кога за првпат се запознавате со одредени луѓе. Постојат и некои основни правила, но тие се социјално прифатени и сите ги знаат. Но, има неколку постапки кои треба да ги избегнувате кога се запознавате со нови луѓе, бидејќи заради нив можно е да бидете одбивни за новите познаници.

13-те заповеди за ширење на познанства, работи кои никако не смеете да ги правите.

1. Постојано сте со телефонот во рака


Ова е првиот начин на кој оствате впечаток дека не сте заинтересирани. Оставете го телефонот и фокусирајте се на разговорот.

2. Зборувате само за себе


Кога се запознавате, прашувајте ги луѓето за нив, а помалку зборувајте за себе. Не би требало да се презентирате само себеси со нарцисоиден монолог.

3. Доминирате во разговорот


Оставете ги и вашите соговорници нешто да кажат, не мора постојано вие да ја водите конверзацијата.

4. Се фалите себеси

Не е во ред да се промовирате себеси и да им додевате на другите за тоа колку сте успешни во нешто или колку места сте посетиле.

5. Многу сте гласни

Обрнете внимание на тоналитетот – не е пријатно да викате со некој кој во моментот го запознавате.

6. Замислувате дека вашата работа е наинтересна на светот


Одлично е тоа што ви се допаѓа тоа што го работите, но не претерувајте со пофалните зборови. Кога ќе ве прашаат „Што работите“ не значи дека треба да презентирате длабока анализа.

7. Претерано споделувате информации

Обидете се да бидете посуптилни, односно да не откривате премногу детали за себе и вашите најблиски. Сепак сте на почетокот од вашето познанство со друго лице.

8. Потсмевање

Во никој случај немојте да се потсмевате со луѓе кои едвај ги познавате.

9. Нессодветни шеги

Не ги знаете туѓите искуства и состојби. Внимавајте како ги кажувате шегите а и особено обрнете вниамние на нивната содржина.

10. Не се смеете

Истражувањата покажале дека доколку се смеете веднаш им станувате посимпатични на луѓето. Но, се разбира дека не треба посотојано да се смеете, па да оставите впечаток на несериозна личност.

11. Се смеете само на вашите шеги

Не е во ред доколку сметате дека само вие сте духовите. Обидете се да го сфатите и хуморот на останатите.

12. Се поставувате во улога на музички критичар

Доколку не сте навистина тоа, според вашата професија, тогаш не се ставајте во улога на музички критичар. Не претерувајте со изразување на вашите ставови за музиката.

13. Зборувате за политика

Освен ако не сте политичар, кој запознава друг политичар, тогаш не ја отварајте оваа тема. Ке им здосадите на соговорниците уште во првиот момент.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот