X
 10.12.2019 Живот

Посакувам на 18 години некој да ми кажеше...

Осумнаесеттиот роденден симболизира премин од еден безгрижен период во сосема нов свет или како што го нарекуваат свет на возрасните, т.е. свет на грижи. Родителите, професорите, медиумите... не обрнуваат големо внимание на овој момент, иако тој создава вистински хаос во главата на младиот човек.

Кога ќе стигнат во поодминати години, луѓето си велат - посакувам некој да ми го кажеше ова кога имав 18 години...

  • Посвети се на правење грешки - преку грешките најдобро се учи.
  • Пронајди тешка работа која сакаш да ја работиш.
  • Вложувај пари, време и енергија во себе секој ден.
  • Често истражувај ги новите идеи и можности.
  • Во професијата обиди се да бидеш најдобар во неколку аспекти, но не во сè.
  • Луѓето не можат да ти ги читаат мислите, кажи им што мислиш.
  • Носи брзи одлуки и веднаш дејствувај.
  • Прифати ги и радувај им се на промените.
  • Немој многу да се грижиш околу тоа што мислат другите за тебе.
  • Секогаш биди искрен, пред сè со себе, па потоа со другите.
  • Секогаш комуницирај со голем број луѓе како на факултет така и на работа.
  • Седи сам во целосна тишина барем 10 минути секој ден.
  • Поставувај многу прашања.
  • Користи ги ресурсите до кои имаш пристап.
  • Почитувај ги другите, за да те почитуваат тебе.
  • Секојдневно усовршувај се во она што го работиш.
  • Биди она за што си роден - слушај го срцето.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот