X
 27.03.2020 Технологија

Извршниот директор на „Инстаграм“ зборува за водењето на фирмата од дома

- Обично не работам од мојата гаража - одговорил Адам Мосери кога го прашале како е да се води една од најголемите социјални мрежи во светот - „Инстаграм“ од неговиот дом во Сан Франциско.

„Инстаграм“ беше синоним за патувања и искуства со години. Неговите корисници објавуваат внимателно одбрани фотографии од локации или необични оброци во ресторани. Но сега извршниот директор на „Инстаграм“, Мосери, им кажува на своите корисници да го прават тоа што го прави и тој: „Да останат дома“.

Компанијата минатата недела го промовира седењето дома со нудење начини на кои корисниците може да споделуваат што прават додека се дома. Според Мосери, ваквите објави се многу популарни. Во меѓувреме, Мосери и неговиот тим се грижат за серверите додека поголемиот дел од светското население ги префрла своите животи онлајн.

- Работата од дома на нашите вработени, особено на модераторите, создава секакви предизвици кои мора да ги совладаме - Мосери изјавил во интервју за Си-ен-ен направено преку „Скајп“.


Фото: Instagram

Мосери додал и дека компанијата треба и понатаму да се фокусира на содржините, како експлоатација на деца и тероризам. „Фејсбук“, која ја поседува компанијата „Инстаграм“, се обидува да го спречи ширењето на лажни вести на своите платформи. Коронавирусот претставува нов предизвик бидејќи луѓето би отвориле секаква информација кога станува збор за нивното здравје.

„Инстаграм“ неодамна вовел правила специјално насочени кон содржините за коронавирусот. Меѓу другото, социјалната мрежа нема да препорачува профили кои споделуваат лажни информации кога луѓето бараат фрази поврзани со вирусот.

Како и многу други компании, „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им нареди на вработените да работат од дома уште пред тоа да стане задолжително во некои земји во САД. Меѓутоа, новите правила за справување со лажните вести за коронавирусот бараат тренирање на вработените и нови системи, а тоа е тешко да се спроведе додека сите работат од дома. Затоа, вработените во овие компании кои обично не работат на модерирање на содржините сега волонтерски го прават тоа.

Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија