Сè повеќе густо населени градови се борат со недостиг на простор за спортски активности и рекреација за граѓаните на отворено. Затоа во Шенжен, Кина, почнале да ги претвораат покривите на зградите во спортски комплекси за трчање, атлетика, фудбал, кошарка и други надворешни активности.
Градот соработува со архитектонското студио „Кросбаундариес“ за изградбата на места за спортска рекреација на неискористените покриви на зградите. Владата веќе претворила покрив на врвот на една компанија во јавна арена.
Покривот со големина од 1,2 километар станал спортски комплекс кој вклучува повеќе различни игралишта. Дизајнерите исто така искористиле многу дрвја и зеленило за да обезбедат природна сенка на покривот.
Извор:
Green
Фото:
Crossboundaries