X
 12.02.2022 Наука

Барселона размислува да ги обои во бела боја сите покриви

Каталонската престолнина наскоро би можела да ги обои сите покриви на зградите и куќите во бело за да ги намали температурите, кои се сѐ повисоки поради климатските промени.

Климатските промени предизвикале зголемување на температурите во центарот на Барселона и до 8 Целзиусови степени. Научниците од Автономниот универзитет во Барселона (УАБ) претставиле предлог кој би можел засекогаш да го смени лицето на градот.

Станува збор за проект кој би вклучил боење на сите покриви во градот во бело. Ова би можело да ја намали температурата и до 4,7 степени за време на топлинските бранови на одредени места и во одредени часови, изјавил Серхи Вентура, метеоролог на универзитетот.


Фото: Pixabay

Според истражувањата, постојните градежни материјали во Барселона го задржуваат сончевото зрачење во текот на денот, придонесувајќи да се собира топлината во целиот град. Научниците предлагаат да се „изладат“ покривите со боење на горните површини во бело, со што би се зголемило рефлектирањето на сончевата светлина од површината, а би се намалила топлината што ја апсорбираат зградите.

Вентура изјавил дека научниците соработуваат со локалните власти бидејќи станува збор за евтина стратегија која подобро би функционирала од зелените површини во Барселона.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука