X
 26.12.2020 Култура

Нов музеј во Шенџен ќе го имитира течењето на реката во близина

Шенџен брзо се трансформира во кинеска верзија на Силициумската долина. Градот се менува поради иновациите во технологијата. Како резултат на тоа, насекаде низ градот се појавуваат културни центри кои се спој на старото и новото. Последниот ваков центар ќе биде музејот за природна историја, кој наскоро ќе биде изграден. 

Музејот, дизајниран од „Б+Х аркитектс“, „3ХН“ и „Џубо дизајн“, се наоѓа веднаш до река, а она што го прави интересен е неговиот изглед што го имитира течењето на реката.


Фото: B+H Architects

Структурата е инспирирана од течењето на водата за да се вклопи во околината. Освен тоа, градбата има цел и да ги задоволи разните потреби на посетителите со пристап до зелени површини. На покривот од музејот ќе има парк од кој посетителите ќе може да уживаат во прекрасен поглед на ридовите, паркот и езерото во близина.


Фото: B+H Architects

Во музејот ќе бидат изложени експонати за локалната екологија, природната историја и научни истражувања. Посетителите ќе може да научат за локалната екологија преку експонатите и со доживување на природата.


Фото: B+H Architects

Автор: Саманта Пајрс
Извор: mymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура