X
 15.01.2026 Живот

Дали би се преселиле на остров со само тројца жители заради работа? Таму нема ни струја ни автомобили, а плаќаат 15 евра на час

Островот Бардси, или Инис Енли на велшки, нуди работа за три позиции - помошник-чувар за посетители, чувар на добиток и службеник за информирање на јавноста.

И тоа не би било изненадувачки да не стануваше збор за малиот остров покрај полуостровот Лин во Северен Велс, кој е дом на многу повеќе добиток отколку на луѓе. Островот има само тројца постојани жители и е дом на околу 300 овци и 200 сиви фоки. Изолиран е, не се користат автомобили, а нема ни електрична енергија.

Но, се одликува со прекрасен предел - Бардси понекогаш се нарекува порта кон рајот поради неговите живописни пејзажи. Тој е дом на првото светилиште во Европа, идеално за набљудување ѕвезди поради минималното светлосно загадување.

Прекрасниот остров привлекува стотици посетители секое лето, кои се во потрага по мирен одмор на идилична локација. Има само 15 или повеќе имоти, кои се или викендички или сместувачки капацитети за сезонски работници.


Првите две работни места од конкурсот подразбираат престој на островот, а избраните кандидати ќе добијат бесплатно сместување. Третата работа може да се заврши и од дома. Цената за час е околу 12,71 фунти, или околу 15 евра.

Сепак, треба добро да размислите бидејќи стигнувањето до работа во Бардси не е лесно - до него може да се стигне само со брод од Порт Меудви. Главниот проблем? Бродот плови само кога временските услови дозволуваат и кога има побарувачка, според веб-страницата „Бардси Ајленд боут трипс“. Покрај тоа, цената за билетот е 57 евра по лице за 20-минутно возење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот