X
 15.01.2024 Образование

Ги запознаваме најдобрите студенти на УКЛО: Ивана Мукоска од Факултетот за безбедност - Скопје

Во новиот серијал на УКЛО ги запознаваме најдобрите студенти. Серијалот го продолжуваме со Ивана Мукоска од Факултетот за безбедност – Скопје

Зошто одбра да студираш на УКЛО? Зошто е добро да се студира дома?


- Како амбициозна и динамична личност, чиј интерес беше насочен кон безбедноста и евроатланските интеграции и личност која сака соодветно да одговори на предизвиците поврзани со областа на безбедноста, се одлучив да студирам на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Имајќи ги предвид условите и квалитетната настава кои ни се овозможени на УКЛО, од сегашна гледна точка знам дека ја донесов правилната одлука. На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола нема неправди, колку вложуваш - толку добиваш. Избрав да студирам во својата родна земја затоа што за мене студирањето надвор не значи и подобро образование. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ постојано се унапредува така што што потпишува меморандуми, соработува, дава можност и за размена на студенти преку Еразмус+ програмата, па затоа со сигурност може да се заклучи дека УКЛО нуди европски начин на образование. УКЛО се грижи за своите студенти.

ivana

Што значи за тебе наградата најдобар студент?


- Непроценливо е чувството на гордост кога слушнав дека сум првенец на генерација, што значи дека мојот труд бил ценет и вреднуван од страна на моите професори и универзитетот во целина. Затоа оваа награда за мене означува еден нов почеток кој ми дава поттик и понатаму во животот да продолжам со уште поголемо темпо и поголема посветеност. Оваа награда го круниса целиот мој влог и труд во текот на студиите.

Ги исполни ли УКЛО твоите очекувања? Кои моменти од студентските денови ќе останат во твоите сеќавања?


- Дефинитивно да. Како долготраен историски универзитет со сите свои предности и квалитети, несомнено беше дека моите очекувања ќе бидат големи во однос на него. Овој универзитет ми даде соодветен одговор на секое мое очекување, барање, односно на сите мои потреби. Морам да ги споменам и моите драги професори, кои со нивната професионалност, нивната достапност и несебичното пренесување на нивното знаење беше само поттик да се продолжи понатаму и да се оствари позитивен исход. Затоа што кога те мотивираат тие, не можеш да ги разочараш и даваш сѐ од себе за да успееш. Иако поголемиот дел од моите студентски денови беа опфатени со ковид-кризата, сепак во текот на тој четиригодишен период создадов нераскинливи пријателски врски со мои колеги и колешки. Учествував на голем број конференции, регионални школи, вебинари и проекти, и тука, но и во други земји. А покрај тоа, незаборавени ќе останат и непреспиените ноќи и учењето до раните утрински часови.

Каде се гледаш по пет години?


- Овој универзитет создаде од мене финален продукт, кој сметам дека адекватно ќе се вклопи во структурите на Министерството за внатрешни работи. Но, се разбира, тука се отвораат и моите идни перспективи и желби кои би соодветствувале со досега стекнатите знаења од областа на евроатланските интеграции, каде што можам да дадам активен придонес.

Твојата порака до сегашните и идните студенти на УКЛО?


- УКЛО е местото каде што се чувствуваш вреден и почитуван. Затоа студирај на некој од факултетите на УКЛО.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование