X
 15.02.2019 Живот

15-годишна девојка ни одржа инспиративна лекција за климатските промени

Како што се зголемуваат предупредувањата за климатските промени, денес се очекува илјадници ученици да излезат од училиштата и да протестираат за да привлечат внимание кон кризата со која се соочува планетата Земја.

Млади луѓе од повеќе од 30 града во Велика Британија треба да им се приклучат на масовните демонстрации, инспирирани од 15-годишната Грета Тунберг, која одржа соло-протест пред шведскиот парламент.

Една од учесничките на протестот даде совршено објаснување зошто одлучила да се приклучи на протестот и им одржа лекција на сите возрасни.

promeni

Скарлет, која е еден од организаторите на студентската мрежа за климатските промени, објасни зошто учениците чувствуваат потреба да се борат за сопствената иднина. На радиопрограма таа го кажа своето образложение.

- Го правам ова затоа што младите се соочуваат со недостиг на иднина. Поради постојаното игнорирање од владите и поради тоа што не сме заштитени, одлучивме дека е време да ја преземеме моќта во наши раце и да се бориме за сопствената иднина - изјави таа.

Кога водителот Ник Ферари ја праша: - На кој начин не сте заштитени?, Скарлет му одговори:

Климатскиот договор постојано се прекршува и не се исполнува. Не се преземени доволно мерки за да се заштити нашата иднина. Се соочуваме со криза за која имаме помалку од 12 години да ја решиме пред да стигнеме до неповратни промени. Во овој момент, личните промени не се доволни. Повеќе не е прашање на промени во однесувањето, како што е возењето автомобил и исклучување на светлата за заштеда на енергија, туку се работи за промена на системот. Ако 100 компании се одговорни за над 70 отсто од емисиите на стакленички гасови, ние не можеме да го смениме тоа. Тоа можат да го сменат владите поставувајќи ограничувања за тоа што можат да прават компаниите и корпорациите.

Кога водителот сугерираше дека протестите не се секогаш ефективни, туку дека она што доведува до промени е напорна работа, резонирање и дипломатија, Скарлет му одговори:

- Како деца под 18 години, треба да имаме најголемо право на глас, а немаме. Така што, за нас е невозможно да комуницираме со нашата влада.

Одделот за образование изјави дека одлуката дали да им дозволи на учениците да излезат од часови во знак на протест против климатските промени останува на самите училишта.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот