X
 17.09.2021 Живот

Повеќе од половина од младите сметаат дека човештвото е осудено на пропаст

Ново истражување го докажало она што веќе го претпоставуваат многумина. Над половина од младите луѓе сметаат дека човештвото е осудено на пропаст и иднината е застрашувачка. Најчести причини за овој став се грижите поврзани со околината и недоволното дејствување на владите.

Истражување донесува заклучоци врз основа на анкета спроведена на Универзитетот во Бат, Обединето Кралство. Во анкетата учествувале 10.000 испитаници на возраст од 16 до 25 години, а таа била спроведена во февруари и март годинава. Учествувале испитаници од 10 различни земји.

Околу 75 отсто од испитаниците изјавиле дека иднината е застрашувачка, а речиси 40 отсто изјавиле дека сега се двоумат дали да имаат деца. Анкетата покажала и дека жителите на посиромашните земји почесто се загрижени за климатските промени, иако најмалку придонесуваат за нивно влошување.

Многу испитаници сметаат дека недоволното дејствување на владите е причина за проблемите со кои се соочуваат младите. Околу 58 отсто од испитаниците изјавиле дека нивните влади ги предаваат.

Во Бразил, дури 77 отсто од испитаниците го изјавиле ова. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, дозволува масовно уништување на делови од прашумата Амазонија, пишува „Фјучуризам“.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот