X
 15.02.2022 Спорт

Која држава води со освоени медали на ЗОИ досега?

Норвежаните се главните фаворити за медали на Зимските олимписки игри во Пекинг. Норвешка освоила вкупно 368 медали, од кои 132 биле златни. Со тоа оваа држава освоила најмногу златни медали од сите земји на Зимските олимписки игри во историјата.

На последните игри во Пјонгчанг, Норвешка освоила 39 медали, најмногу од сите држави. По неа следувала Германија со 31 медал.

До 14 февруари Норвешка води во бројот на освоени медали на годинашните игри. Нејзините претставници освоиле вкупно 21 медал, известува „Индепендент“.

Следува Русија со 18 медали. Следни се САД и Канада со по 15 медали и Германија и Австрија со по 14 медали.

Холандија има освоено 12 медали до 14 февруари, а Франција, Италија и Јапонија имаат по 11 медали.

Домаќинот Кина освоил 9 медали.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт