X
 15.03.2015 Живот

Интересни факти за левучарите

Околу 10% од светската популација се левучари, но се претпоставува дека би биле повеќе доколку не би се поттикнувале децата да пишуваат со десна рака. Светот е прилагоден за десничарите, така што левучарите често наидуваат на потешкотии. Ви нудиме интересни факти за овие луѓе.

1. Жените почесто пишуваат со лева рака отколку мажите.

2. Најпознати левучари во светот се Наполеон, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Алберт Ајнштајн, Иска Њутн, Бил Гејтс и Опра Винфри.

3. Шизофреничарите сочинуваат 10% од светската популација, од кои 40% се левучари.

4. Меѓународниот ден на левучари е 13 август, а традицијата започнала од 1996 година.

5. Секоја година 2.500 левучари умираат поради користење на опрема прилагодена за десничари.

6. Левучарите во просек живеат 9 години пократко од десничарите.

7. Повеќе левучари имаат повисок коефицент од 140, што е повисоко од десничарите.

8. Прерано родените деца подоцна се левучари.

9. Левучарите се понеодлучни и поплашливи од десничарите.

10. Тие се и покреативни и подобро се снаоѓаат во областите на музиката и уметноста.

11. Левучарите четири до пет месеци подоцна влегуваат во пубертет отколку десничарите.

12. Левучарите имаат три пати поголем ризик да станат алкохоличари отколку десничарите.

13. Трудниците во 40-те почесто раѓаат левучари отколку трудниците во 20-те.

14. Левучарите често патат од алергија, астма, Кронова болест и епилепсија.

15. Левучарите се подобри во мултитаскинг отколку десничариет.

16. Левучарите побрзо се опоравуваат од срцев удар отколку десничарите.

17. Левучарите се подобри во тенис и бокс од десничарите.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот