X
 15.03.2018 Култура

Библиотека што се наоѓа меѓу две граници

Влегувате во библиотеката Хаскел во Дерби Лајн, Вермонт, но ако продолжите надолу близу полиците за книги, ќе се најдете во Станстед, Квебек, Канада. Зградата се наоѓа токму на границата меѓу Америк и Канада, а нејзината необична локација не е случајна.

Библиотеката била создадена од Марта Стујарт Хаскел и нејзиниот син Колонел Хорас Стујарт Хаскел, во чест на покојниот сопруг, Хаскел Карлос, истакнат трговец во пограничната заедница. Марта била Канаѓанка, а Карлос Американец. така што имало смисла што создале зграда што ги обединува двете земји под еден покрив. Зградата била дизајнирана од Џејмс Бол, архитект од Квебек, заедно со неговиот партнер, Гилберт Смит.

Местото на библиотеката ѝ дава уникатност: бидејќи книгите и шалтерите се на канадска страна, а влезот е на американска страна, зградата се нарекува единствената библиотека во Америка без книги. Исто така, сцената за операта е во Канада, а седиштата се во Америка, така што ова е единствената опера во Америка без сцена. И покрај тоа што објектот бил замислен како подарок за двете земји, границата од секоја страна од зградата е оградена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура