X
 18.09.2019 Живот

Над еден милион ученици „ќе избегаат“ од часови заради Штрајкот за климата

На Штрајкот за климата во Њујорк, познат и како „Петоци за иднината“, учество ќе земат околу 1,1 милион ученици, објави Аксиос.

Директорите на училиштата во САД не знаат каков став да заземат откако њујоршките власти соопштија дека децата нема да добијат неоправдани за учеството во петочните протести.

Штрајкот за климата произлезе од протестот „Петоци за иднината“, кој го започна 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг, која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со климатските промени.

Протестот на учениците во Њујорк има цел да го сврти вниманието на јавноста кон заштитата на животната средина, на три дена пред Самитот на ОН посветен на климата. Над 115 држави и над 1.000 градови изразија намера да се вклучат во протестите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот