X
 13.01.2017 Образование

Бесплатни онлајн математички алатки за средношколци

Во време на технолошки напредок и нови алатки кои можат да се користат на училиште, нормално е наставниците да се чувствуваат заплашени.


Многу од новите технологии бараат и совладување на вештини. Но, има и такви алатки кои бараат интерактивност и поддржуваат учење, а учениците можат да пристапат бесплатно. Ова се неколку од нив :

1.    Desmos

 


Оваа програма нуди бесплатни онлајн функции и калкулации, како и интерактивни игри, односно лекции. Го бара само вашиот мејл, а наставниците можат со помош на оваа алатка да одржуваат онлајн часови, додека студентите потребно е само да се логираат и да ги изучуваат математичките функции. Потоа наставниците можат да го следат напредокот на учениците.

Освен интеракција со учениците, оваа алатка нуди и професионален развој за наставниците.

2.    Yummy Math

Алгебра, функции, геометрија и статистика – оваа алатка можеби најмногу одговара за средношколците.
Содржина се додава постојано, а лекциите се бесплатни и постојано достапни.


3.    Cymath

Ова е најдобрата алатка за решавање на математички проблеми. Алатката ќе ви објасни чекор по чекор како да дојдете до решението. Она што треба да се знае е дека алатката покрива основна математика, алгебра, калкулус тригонометрија и слично. Најинтересно е што постапно ви го дава решението.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование