X
 15.03.2019 Технологија

Kинезите ќе се возат во метро без билети - доволно е нивното лице

Скенирањето на вашето лице на екран за да влезете во метро или автобус и не е толку далеку во иднината. На една станица од подземната железница во кинескиот град Шенжен почна пилот-проект во кој се тестира препознавање на лицето за граѓаните да влезат во метрото, преку 5Г-мрежа.

Тестирањето е ограничено само на една станица и не е јасно како сето ова ќе функционира за близнаците или луѓето што си личат. Луѓето што влегуваат во станицата можат да ги скенираат лицата на екранот каде што обично ги ставаат своите телефони или билетите за метро. Тогаш, сумата автоматски се одзема од нивните поврзани сметки. Тие ќе треба претходно да ги регистрираат своите податоци и да го поврзат методот на плаќање со сметката.

kina
Фото: Getty Images

Постојат предности што ги нуди системот. На пример, луѓето нема да се загрижени дека би можеле да ги заборават картичките во метрото. Но, од друга страна, тоа значи дека секое нивно патување во метрото ќе биде следено.

Технологијата за препознавање на лицето што се користи на станицата е развиена од „Шензен метро“ и „Хуавеј“, а е базирана на 5Г-мрежа за која од „Шензен метро“ велат дека е поефикасна и поквалитетна за користење во подземните железници и има помалку трошоци. Не е познато какви се плановите на компанијата по завршувањето на пилот-проектот - дали ќе се прошири и на други станици во градот и дали во иднина ќе стане вообичаен начин на плаќање.

Ваквиот начин на плаќање во Кина не е новост бидејќи уште во 2017 година го претстави Кеј-еф-си преку опцијата „насмевни се да платиш“ со која корисниците можат да купат и да платат храна буквално само со насмевка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија