Нова промена се воведува на платформата „X“, поранешен „Твитер“, кога станува збор за следењето и блокирањето корисници. Досега блокирањето функционираше како и на сите други мрежи – кога сакавте да „избегате“ од одреден кориснички профил, можевте да го блокирате и на тој начин целосно да ја скриете целата своја содржина. Како по правило, овој режим е корисен за избегнување несакани интеракции, криење од луѓе кои не сакате да ги читаат вашите објави и да ви ѕиркаат во профилот, но во „X“ решиле да го променат начинот на кој функционира блокирањето.
Наместо блокирањето да го оневозможува пристапот до вашиот профил, во иднина блокираните ќе можат да пристапуваат до него и да гледаат сѐ што е на него. Единственото нешто што блокирањето ќе го оневозможи е каква било форма на интеракција помеѓу блокираните сметки. Затоа, оние што ќе ги блокирате на „X“ нема да можат да ги коментираат (лајкуваат или ретвитуваат) вашите објави, но сепак ќе можат да ги видат.
Оваа промена не е добро прифатена од корисниците. Тие посочуваат дека овој тип блокирање ќе го намали правото на приватност, ќе овозможи несакано следење, па дури и злоупотреба. Некои истакнуваат дека оневозможувањето на „нормалното“ блокирање ги прекршува правилата на „Еп стор“ и „Гугл плеј стор“ бидејќи таму пишува дека социјалните мрежи мора да овозможат „блокирање на злоупотребувачите од платформата“. Но, дали ова се однесува на сите блокирања на корисници или само на способноста на платформата да ги отстрани несаканите корисници од неа, ќе покаже толкувањето на „Гугл“ и „Епл“.
Новиот начин на блокирање бил најавен минатата година, а деновиве ќе почне постепено да се применува.
Извор: bug.hr
Фото: Freepik