X
 09.05.2017 Технологија

Дизајнот на новиот модел „iPhone 8“

„Apple“ планира да претстави три нови модели „iPhone 7S“, „iPhone 7S Plus“ и потполно новиот „iPhone 8“. Тој модел нема да има рамка околу екранот со ширина од 4 милиметри.

фото извор: YouTube/EverythingApplePro

Наместо тоа, новиот модел ќе има „OLED“ екран, сличен на оној на „Samsung“, на моделот „Galaxy S8“, но со јасно видлива граница на екранот од горната и долната страна.

Моделите „7S“ и „7S Plus“ ќе го задржат основниот дизајн кој „Apple“ го користи уште од моделот „iPhone 6“, со тоа што ќе има стаклен капак како новиот „iPhone 8“.

„Осумката“ ќе има куќиште во комбинација со челик кој не ‘рѓосува и стакло, со што ќе се унапреди завршната обработка на телефонот. Ќе има батерија во форма на буквата „L“, што ќе овозможи поголем капацитет и дуална задна камера од 12 и 7 мегапиксели. Со телефонот следуваат и „AirPod“ слушалки.

Производната цена на уредот се проценува дека ќе се движи од 75 до 80 долари, па се претпоставува дека продажната цена би можела да достигне и над 1000 долари.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија