Еден Австралиец имал среќа да се спаси од сериозни повреди при конфронтација со човек вооружан со лак пред неговиот дом откако стрелата го пробила телефонот што го држел за да го фотографира инцидентот.
Сето ова се случувало во малиот град Нимбин во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, каде 43-годишен човек забележал друг човек, кој му бил познат, на неговиот имот. Натрапникот, кој носел лак и стрела, му бил познат на човекот. Тој решил да го фотографира, но натрапникот во тој момент го нападнал со лакот и стрелата.
Стрелата го пробила телефонот и го удрила човекот по брадата. Тој имал среќа и поминал со мала исекотина.
Полицијата го уапсила 39-годишниот натрапник, против кого е поднесено
обвинение.