Имаме инфлација на одлични ученици, нарушени односи меѓу училиштето и семејството, ученици без соодветни знаења и способности, погрешна поставеност на вредностите. Парадигмите во образованието не се менуваат лесно, но не е невозможно, тоа го покажаа многуте примери од скандинавското образование, па и од други држави низ светот.
Она што најмногу пречи е недостигот на емпатија, скромност, љубезност, помагање на послабите. Ова, за жал, секојдневно го гледаме кај учениците, но и кај возрасните, а не помага ниту советодавна работа ниту работилниците што ги спроведуваме.
Ова е дел од стравот на училишниот педагог Убавка Бутлеска, кој целосно може да го прочитате на
Деца.мк.