X
 15.04.2020 Култура

Уметничка акција „Седете дома“ - џиновски влечки на скопскиот плоштад

Џиновски карирани влечки осамнаа утрово на скопскиот плоштад „Македонија“. До нив на табла е назначено дека социјалната изолација е најдобра превенција од коронавирусот. Инсталацијата е дел од уметничката акција „Седете дома“, наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката излолација за време на вонредната состојба.



- Ги избравме влечките - синоним за останување дома, но и за почитување на мерките и наредбите. Во скопскиот сленг терминот „папучар“ најчесто се користи за некој што беспоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно - објаснуваат активистите.



Со оваа и со претходната акција („Држете дистанца“ – џиновски дланки) уметничките активисти ги охрабруваат граѓаните да издржат во оваа многу важна битка, но и да покажат дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала.



- Како и предходно, и оваа акција им ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапно и секвенцијално од страна на различни автори – велат активистите.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура