X
 04.09.2019 Живот

Плоштад со 1.500 квадрати зеленило, десетици дрвја и подземна гаража со 525 паркинг-места

Во мај минатата година почна обновата на плоштадот во Будимпешта, под кој има гаража на три нивоа под земјата со 525 паркинг-места, потоа места предвидени за паркирање велосипеди и полначи за батерии на електрични автомобили. Во гаражата има и салон за миење автомобили, а покривот на гаражата е покриен со 2,5 метра дебел слој земја за да се овозможат оптимални услови за билки и стебла.

Овој плоштад не е фасцинантен само поради димензиите и технологијата со која е опремен, туку и поради декорацијата, а на јужниот дел од плоштадот е сместена реплика на познатата, 130 години стара, фонтана во неоренесансен стил изградена од керамика на „Жолнаи“ отпорна на сите временски услови.

Променадите водат до дрвја и фонтани кои се опкружени од оригинални бетонски блокови. На плоштадот исто така има и фонтани со питка вода, а трите зелени површини заедно зафаќаат повеќе од 1.500 квадратни метри и на нив се засадени 54 стебла.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот