X
 15.04.2020 Култура

Во близина на Витлеем откриени гробишта од бронзено време

Палестинското министерство за туризам и антиквитети го објави откритието на гробишта од бронзено време во областа Хиндаза, источно од јужниот дел на западниот брег на градот Витлеем.

Од министерството соопштија дека додека еден жител копал за да постави темели за неговиот дом, случајно ги открил гробиштата. Жителот се јавил во одделот за антиквитети во Вителеем. Бил испратен тим кој почнал со ископување, кое покажало дека гробиштата датираат од бронзено време и содржат глинени и метални предмети.

Од министерството соопштуваат дека тимот почнал со обемно истражување и документациска работа за точно да ги идентификува и правилно да ги испита сите археолошки материјали од локалитетот.

Министерството ја истакна важноста на ова откритие, за кое рече дека ќе го збогати научното знаење на овој регион со нови и корисни информации што претходно не биле познати, како и научно истражување за важната историска ера претставена од откриените гробишта каде што има информации за обичаите за погребување во Витлеем во текот на бронзеното време.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Archaeologynewsnetwork.blogspot.com
Фото: PalestineMota
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура