Изгледаат како да доаѓаат од друга реалност, од друго време и место. На висорамнината во Анадолија, во централна Турција, бизарните камени структури се издигнуваат од земјата како мали замоци.
Целото место е нереално, а кога ќе ги погледнете поблиску, ќе сфатите зошто туристите и локалните жители ги нарекуваат „оџаци на самовилите“. Интересно е тоа што овие чудни и уникатни структури биле создадени од соработката меѓу мајка природа и луѓето.
Според „Нешнл џиографик“, пепелта од античките вулкански ерупции во областа ги зацврстила меките карпи. „Ветрот и водата си ја завршиле работата на оваа висорамнина, оставајќи ги само своите тешки елементи за да формираат пејзаж од бајките“, вели „Нешнл џиографик“. Потоа луѓето работеле со она што мајката природа го започнала и изградиле пештери. Тунелите биле толку комплексни, што всушност формирале цели подземни градови.
Регионот, познат како национален парк Гором, бил една од најпопуларните грчки и персиски
империи. Пештерите биле одлично место за криење за некој што не сакал да биде вклучен во крвавата игра на класичната ера на политиката.