X
 15.04.2021 Наука

Научници објавија музика направена од пајаци

Научници од Технолошкиот институт во Масачусетс штотуку објавија музика направена од пајаци. Поточно, тие скенирале пајажини и ги „претвориле“ во звуци, а на крајот добиле мелодија.

Инженерот Маркус Бјулер, кој го водел проектот, објаснил во соопштение за медиуми дека пајаците немаат добар вид и се движат со помош на вибрации кои имаат различни фреквенции.

За да ја создадат музиката на пајаците, научниците ги означиле сите конци во пајажината со различна музичка нота, а потоа ги споиле во една мелодија врз основа на структурата на пајажината и начинот на кој пајаците ја плетеле пајажината.

Признаваме, музиката нема да добие „Греми“. Таа звучи необично и хаотично, но претставува забавен експеримент.


Научниците сега сакаат да им ја пуштат музиката на пајаци за да видат дали музичките вибрации ќе имаат влијание врз нивното однесување.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука