Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс, во соработка со биотехнолошката фирма „Фрикуенси терапјутикс“, велат дека создале нов вид регенеративна терапија која може да го врати изгубениот слух без потреба од помагала или импланти.
Терапијата вклучува програмирање специјален вид клетки наречени прогениторни клетки кои може да служат за стимулација на растот на клетките што се важни за слухот. Клетките што го овозможуваат слушањето умираат со текот на времето и кога се изложени на прегласни звуци, па најчесто не се обновуваат.
Третманот се состои од вшприцување молекули во внатрешното уво кои потоа ги трансформираат прогениторните клетки во други клетки кои стимулираат растење на клетките кои го овозможуваат слушањето.
Во експериментите, истражувачите успеале да им помогнат на учесниците со послаб слух подобро да го препознаваат говорот. Според истражувачите, позитивните промени може да се задржат речиси две години.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Freepik