X
 28.03.2017 Наука

Создадена минијатурна верзија на пулсирачки срцев мускул

лист од спанаќ
Фото: Worcester Polytechnic Institute

Тим на американски научници пронашол начин како да ги искористи вените од листот на спанаќот за да направи минијатурна верзија на пулсирачки срцев мускул. Нивното откритие нуди потенцијално решение за големите предизвици со кои се соочуваат биомедицинските инженери: како да ги поправат и регенерираат оштетените органи и ткива.

Ако се покаже дека функционира, научниците би можеле да го искористат третманот за лекување на пациенти кои претрпеле срцев удар, вели тимот на научници во истражувањето кое овој месец било објавено во списанието „Biomaterials“. Постоечките биоинженерски техники, вклучувајќи го и 3D печатењето не можат да го создадат разгранувањето на мрежата на крвните садови сè до капиларите.

„Овој мал механизам е клучен во снабдувањето со кислород и хранливи материи кои му се потребни на ткивото на молекулите за правилен раст“, вели Џошуа Гершлак, ко-автор на ова истражување и дипломиран студент на Политехничкиот институт Ворчестер во Масачусетс.

„Главниот ограничувачки фактор во инженерингот на ткивото е недостатокот на васкуларна мрежа - без неа добивате доста мртви ткива“, додава тој.

Во низата експерименти, тимот на научници зел лист од спанаќ и ги исчистил вените за да се отстранат клетките на растенијата. Потоа тие пуштиле течност и ситни гранули со големина колку човечките крвни клетки низ венската мрежа на листот на спанаќот. Тоа резултирало во ткиво кое имитирало чукање на срцето и било преполно со вени и артерии. Сепак, тестирањето врз луѓе сè уште е многу далечно.

„Имаме уште многу работа, но ова засега доста ветува“, вели Глен Гаудет, професорка по биомедицински инженеринг на Политехничкиот институт Ворчестер.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука