X
 26.12.2015 Култура

Разнобојноста на главниот град на Северна Кореја

Фотографиите не се од вкусови на прескап сладолед, ами неочекуваните бои кои доминираат во архитектурата на Пјонгјанг, нешто што Оливер Вејнрајт го открива за оваа земја.

 

северна


Вејнврајт, дизајнерски критичар за веб страната „The Guardian“ го посети главниот град на Северна Кореја во јули во 10 дневна турнеја на архитектурата на градот. Тој беше изненаден од релативно модерните згради украсени со светли нијасни.

„Морам да кажам дека Пјонгјанг е еден од најшарените градови кои некогаш сум ги посетил. Очекувате сиви, распаднати бетони од дистопијата од 50-те, меѓутоа властите направиле вистински напор за да го разведрат местото“, вели Вејврајт.

Ова е дел од кампањата на врховниот лидер Ким Јунг-ун да ја направи неговата земја следната голема туристичка дестинација. Вечниот претседател се надева дека ќе привлече 2 милиони туристи годишно до 2020 година. Не постојат санкции за забрана за патување во Северна Кореја, а Вејнрајт го резервирал неговото патување преку Кoryo Tours во Пекинг. Сепак, не бил пречекан со раширени раце. Владините претставници го претресувале неговиот багаж во потрага по субверзивни материјали, го проверувале неговиот интернет и го гледале серискиот број од неговиот мобилен телефон.

За време на турнејата, Вејнрајт ги посетил сите масивни споменици и згради кои имаат цел да ја покажат силата и просперитетот на Северна Кореја. Голем дел од нив биле метафорички обликувани. Лизгалиштето за мраз наликува на капа, додека теретаната изгледа како пар тегови. „Доцните 1980ти веројатно биле интересно време за архитектурата во Северна Кореја“, вели Вејнрајт. „Тие правеле доста експериментални структури“.

Тој се сомнева дека експериментите со бојата започнале во текот на последната деценија бидејќи фотографиите направени во 1990 година не биле ни приближно толку разнобони и многу згради се чинат како неодамна насликани. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура