Бегалците во Долна Австрија отсега ќе добиваат десет заповеди за имиграција од страна на регионалните власти. Една од заповедите е мигрантите да покажат благодарност кон земјата.
Властите во Долна Австрија треба да издадат нов кодекс на однесување за бегалците. Правилата се наречени „Десет заповеди за имигрантите“ и ќе им бидат издадени на новите бегалци штом ќе пристигнат во државата.
Фото: Picture alliance/imageBroker
Дел од заповедите се:
- Научете германски;
- Почитувајте ги австриските закони;
- Усвојте ги австриските вредности и воспитајте ги децата во согласност со нив;
- Решавајте ги конфликтите ненасилно;
- Почитувајте ја верската слобода;
- Спречете непотребно страдање на животните;
- Покажете благодарност кон Австрија.
Правилата ќе бидат издадени на 15 различни јазици за лицата што аплицираат за азил. Од бегалците ќе биде побарано да потпишат писмен договор дека ќе се придржуваат до нив.
Официјалните претставници ќе ги издаваат „заповедите“ заедно со официјалните документи на бегалците за азил.
- Ги штитиме овие луѓе подолго време и им даваме сè што им е потребно. За возврат очекуваме барем малку благодарност - изјави Готфрид Ваjдхајзе, кој е задолжен за бегалците во Долна Австрија.
Сепак, азилантите нема да бидат казнети за непочитување на
заповедите.