X
 11.08.2019 Живот

Виенските ресторани го ограничуваат времето за вечера

Во сѐ повеќе ресторани во Виена може да се резервира маса само на ограничено време.

Имено, во одредени локали маса може да се добие само на час и половина. Некои гости се чудат и негодуваат, меѓутоа во Стопанската комора на Виена велат дека мотивот на угостителите е јасен.

Меѓу првите кои ги воведоа ваквиот вид резервации се многу популарни ресторани, па гостите често по вечерата на пијалак мораат да одат на шанк. Освен тоа, времето се ограничува и за време на празниците, кога локалите очекуваат поголем број на гости.

Претседателот на одделението за гастрономија при виенската Стопанска комора, Петер Добак, објаснува дека овој систем е типична последица на дигитализацијата.

Додека порано угостителлите таквите ограничувања на гостите им ги соопштувале во живо или преку телефон, денес уште при онлајн-резервацијата јасно е назначено максималното време на престој во ресторанот.

-Секако дека целта е на масата во текот на вечерта да се сменат барем две различни групи на гости - вели Добак.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот