X
 15.05.2021 Образование

Родители на протест против законот за учебници

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска излезе на протести кои започна од Министерството за образование, продолжија до Владата, а завршија пред Собранието против најавените реформи во образованието. „Книга во рака, да учиме без мака”, „Законот не е во интерес на иднината на нашите деца и нашата држава” се дел од пораките кои родители ги упатуваат на протестниот марш во Скопје и други градови низ државата.
Во паркот „Жена борец“ во Скопје ќе биде поставена и „импровизирана училница“ каде се собираат потписи за поддршка на иницијативата.



Родители протестираат против најавените образовни реформи со кои се најавува дигитализација на учебниците. Покренаа иницијатива со која бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.



Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.



Фото: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование