X
 22.03.2024 Живот

Речиси половина од Американците финансиски ги поддржуваат своите возрасни деца поради економски проблеми

Многумина тврдат дека во денешно време е потешко за младите да бидат независни и да се издржуваат. Неодамнешно истражување во САД покажало дека речиси половина од родителите со деца над 18 години финансиски ги поддржуваат.


Всушност, според податоците од порталот „Штедење“, од 1.000 родители, 47 отсто изјавиле дека им даваат постојана финансиска помош на нивните возрасни деца. Многумина ги навеле економските тешкотии со кои се соочуваат нивните деца, како што се долговите од студентски заем или стагнирачките плати.

Во просек, родителите издвојуваат околу 1.400 долари месечно за да им помогнат на своите деца, покривајќи сè, од намирници и сметки за мобилен телефон до кирија и здравствено осигурување, додека не наполнат 26 години.

Сепак, оваа поддршка не доаѓа без предизвици - речиси 58 отсто од родителите рекле дека ја жртвуваат сопствената финансиска сигурност.

Џ.П. Крахел, професор по сметководство на Универзитетот „Лојола“ во Мериленд, смета дека родителите треба да ги опремат своите деца.

- Начинот да се реши таа разлика, да се каже „добро, ти стануваш постар/а, но ние сепак сакаме да те поддржиме“, е да ги имате тие непријатни разговори. „Како стоиш во моментов? И во која насока мислиш дека можеш да се движиш?“ - вели Крахел.

Експертите велат дека родителите можат да ги преземат овие чекори за да им помогнат на своите млади возрасни да постигнат финансиска независност:

-Поставете граници и транзициона стратегија за постепено повлекување на финансиската поддршка.

-Бидете нивен партнер за одговорност и воведете начини како вашите возрасни деца да ги буџетираат своите трошоци.

Во крајна линија - направете го она што е најдобро за вашето семејство.

Извор: cbsnews.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот