X
 26.01.2016 Живот

Наместо викање, направете го ова следниот пат кога детето е луто

Лошото однесување и лошото расположение се моменти кога родителот не треба да започнува или продолжува да вика и да се нервира. Меган Шори од „Family share“ советува поинаков пристап во ваквите моменти - хумор. Зошто функционира ова?

Ја намалува тензијата

Кога во воздухот има тензија, најдобар начин за да се ослободите од истата е смеата. Кога вашето детето е нервозно и луто, наместо да се лутите вие самите, насмејте го. Скокоткање, имитирање, правење смешни гримаси - сè што функционира е добро.

Прави да мисли на нешто друго

Менувањето на темата ќе го принуди детето да не мисли на лутината и нервозата. Тоа ќе може да се фокусира на нешто друго. Дури и кога проблемот е таков што мора да биде решен, нема да се реши сè додека детето не биде смирено.

Ви помага да се смирите


Понекогаш, родителот се чувствува нервозно, но хуморот ќе помогне и во оваа ситуација. Кога детето ќе види дека не сте лути и нервозни, тоа ќе го промени својот тон.

Ќе го научи да се соочува со тешки ситуации


Ако на вашето дете му е потребно повеќе време за да престане да се нервира, овој метод ќе помогне. Покажувајќи му дека наместо да се лути, тоа треба да се смее, ќе го научи подобро да се соочува со тешки ситуации.

Методот помага при враќање на контролата на детето, посебно кога тоа преувеличува или е непослушно. Проблемите полесно може да бидат дискутирани откако двајцата ќе бидете смирени.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот