X
 21.02.2016 Живот

Зошто на нашите родители им беше полесно да бидат родители?

Дали некогаш сте посакале да бидете родител кој ги извршува своите должности порелаксирано отколку повеќето родители денес, нешто што го правиле нашите родители?

Родителите денес многу повеќе претрпуваат стресови, се грижат за своите деца. Не дека нашите родители не се грижеа за нас, меѓутоа тие живееја многу поудобен живот отколку ние денес.


1. Дадилка - Порано, нашите родители не` носеа на забави на кои се пиеше и пушеше. Никој не ни помислуваше на дадилки. Луѓето едноставно пристигнувале и уште на врата ги пуштале децата да играат и да прават што сакаат. Нашите родители не доаѓаа постојано да не` проверуваат што правиме. Можете само да замислите што би се случило кога некој денес се обиде да ги одведе децата на забава - тогаш дефинитивно родителите би биле прогласени за неодговорни.

2. Специјално седиште за дете во автомобилот - Нашите родители едноставно би не` ставиле во задното седиште од автомобилот. Секако, специјалните седишта се дизајнирани за безбедноста на децата. Сепак, замислете како би било кога едноставно би можеле да ги пуштиме децата да седат слободно?

3. Занимавањето на децата не беше исклучиво одговорност на родителите - Да се занимава детето? Овој симптом на воспитување на децата е присутен од неодамна. На нашите родители ни на момент не им паѓало на памет дека треба да не` забавуваат. Ние децата сами игравме и никогаш не очекувавме од нив на било кој начин да се занимаваат со нас.

4. Родителите не се оптеретуваат со тоа дека нивните пороци би можеле да дадат лош пример за децата - Доколку се сеќавате, порано сите пушеа. Кога ќе се одлучеа да ги остават цигарите, тоа исклучиво беше за нивното здравје. Во тоа време никој не размислуваше за пасивно пушење, ниту пак некој родител чувствувал вина за тоа.

5. Консумирање на алкохол во бременоста или било кога - Сигурно дека бремените жени тогаш не го пребарувале цел интернет за да видат што би се случило ако се напијат една чаша вино. Благодарение на вината која Google ни ја всади, голем дел од бремените жени денес не ни помислуваат да посегнат макар и по една чаша алкохол.

6. Можеше на јавно место да му се вика на детето (некогаш и да се потчукне) - Нашите родители немаа проблем да ни викаат на јавни места, а никому не му паѓаше ни на памет да повика служба за заштита на детските права и слично. Денес ситуацијата е различна, родителите мораат да глумат трпеливост и кога им се обраќаат на своето дете со повисок тон на јавно место, луѓето ќе ве гледаат како невротична личност.

7. Децата не го диктираа изборот на јадење - Родителите никогаш не не` прашуваа што би сакале за вечера. Никогаш. Јадевме тоа што имаше.

8. Пластика од непознато потекло - Дали треба да се додаде нешто? Играчките беа купувани од било каде, спиевме со нив, ги гризевме, се капевме со нив и никој не обрнуваше внимание на тоа. Денес поминуваме часови барајќи совршена не-токсична играчка која не е произведена во Кина.

9. Мерки на претпазливост за безбедноста на децата - Мерки на претпазливост? Ова беше непознат поим. На своја кожа почувствуваме електрична енергија, постојано паѓавме и имавме крвави колена. Денес родителите се параноични и ги штитат децата од буквално се`!

10. Без оглед на се`, ние ги сакаме нашите родители - Нашите родители не` оставаа да се валкаме во калта, никогаш не не` гледаа како поединци со посебни лични потреби - и покрај се`, ние ги сакаме. Денес како родители се плашиме дека нашите деца ќе бидат црните овци во општеството кои цел живот ќе не` мразат, доколку ги оставиме да плачат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот