Камелеоните не се единствените животни што се способни за камуфлажа. Се чини дека таа е многу почеста во природата отколку што мислиме, а најнов доказ за тоа е видео од октопод снимен во длабочините на Црвеното Море.
Видеото било објавено од каналот „Сел а моумент“ на „Јутјуб“, а во него се следи движењето на октопод кој го менува изгледот за да одговара на неговата околина. Така, во еден момент тој е еднобоен, а веќе во следниот неговата кожа има повеќе бои и не може да се распознае меѓу коралите.
Извор:
Sell a Moment