Научници од Националната администрација за океани и атмосфера во САД откриле ново морско животно кое личи на проѕирно желе. Животното било снимено во видео со висока резолуција.
Тимот го нарекол проѕирното животно Duobrachium sparksae. Животното е еден вид реброносец, живее покрај брегот на Порторико и е високо 6 сантиметри, доколку не се мерат неговите долги трепки. Тоа го
допира морското дно со трепките, но не е јасно дали некогаш се закотвува на дното.
Научниците забележале три вакви животни, но многу работи поврзани со видот остануваат непознати.
Автор: Аманда Кусер
Извор:
cnet.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube