Би-би-си избра 10 филмови што вреди да ги погледнете наредниот месец. Од Том Харди како лик на „Марвел“ и најновото продолжение на „Ноќ на вештерките“ во кое глуми Џејми Ли Куртис, ова се филмовите што дефинитивно треба да ги погледнете.
„A Star is Born“
Трет римејк на романтичната драма од 1937 година - мјузикл во кој глумеа Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон, и верзијата од 1976 година со Барбара Стрејсенд и Крис Кристоферсон. Овој пат, Али ја глуми Лејди Гага, додека кантри музичарот е Бредли Купер. Премиерата на филмот е на 5 октомври.
„Beautiful Boy“
Тимоти Чаламет стана еден од најзгодните актери во Холивуд кога оваа година на Оскарите стана третата најмлада личност номинирана за Оскар за најдобар актер за филмот „Call Me by Your Name“. Во неговиот најнов филм тој ги предизвикува неговите вештини на многу повисоко ниво. Филмот е базиран врз основа на мемоарите на Ник Шеф, заедно со неговиот син Дејвид Шеф, кои се соочуваат со криза во нивниот живот поради зависноста од дрога на Дејвид.
„First Man“
Рајан Гослинг повторно се здружува со режисерот Дамиен Шазел, а според најраните рецензии, филмот вреди за Оскар. Станува збор за првото слетување на месечината. Гослинг го глуми храбриот Нил Армстронг, кој ги остави своите деца и својата жена на Земјата и полета на месечината.
„Can you Ever Forgive Me?“
Комедиите како „Bridesmaids“ и „The Happytime Murders“ ја направија Мелиса Мекарти една од најплатените актерки во Холивуд. Мелиса ќе го покаже нејзиниот талент кога станува збор за драматичен лик во биографската траги-комедија адаптирана од Никол Холофценер и Џеф Вити. Филмот е базиран на мемоарите на Ли Израел, њујоршка писателка која во 90-тите се обидувала да заработи фалсификувајќи писма од мртви автори.
„Halloween“
Ако гледате хорор-филм овој октомври, тогаш тоа нека е „Halloween“. Хорор франшизата повтроно се враќа, а се враќа и Џејми Ли Куртис. Дејствието е 40 години по настаните, па имате можност да ја видите Џејми Ли како баба како се соочува со маскираниот убиец Мајкл Мајерс кој првпат ја нападнал на 31 октомври 1978 година.
„What They Had“
Бриџет (Хилари Свонк) се враќа дома откако нејзиниот брат ќе ја повика да му помогне во справувањето со нивната мајка која страда од Алцхајмерова болест, и нивниот татко кој не сака да прифати дека неговата сопруга има Алцхајмер.
„Venom“
Овој месец, блокбастерот за суперхерој доаѓа од новиот „Марвел Јуниверз“. Ова го одбележува почетокот на нов универзум во кој се вклучени ликовите на Марвел за кои „Сони“ ги има филмските права. Томи Харди го глуми Еди Брок, новинар чија кариера е уништена поради неговата одлучност да ги разоткрие експериментите на научникот Карлтон Дрејк.
„Bad Times at the El Royale“
Седум мистериозни странци се сретнуваат во еднакво мистериозниот „Ел Ројал“, хотел близу езерото Тахо. Што кријат? Зошто се таму? Ова се прашањата што треба да ги одговори филмот во кој глумат Џеф Бириџис, Дакота Џонсон, Џон Хам, Синтија Ериво и Крис Хемсворт, како и Расел Кроу.
„Studio 54“
Легендарниот ноќен клуб од 70-тите каде Бјанка Џегер наводно јавала бел коњ на подиумот за танцување. Мик Џегер, Мајкл Џексон, Елизабет Тејлор и Еди Ворхол исто така биле ВИП лица кои редовно го посетувале овој хедонистички рај на сексуална слобода и дрога. Во овој документарец ќе можете да ги погледнете ексклузивниите интервјуа со основачот на клубот, Иан Шарагер, како и еден од обезбедувањето кој го чувал познатото црвено јаже.
„Burning“
Јужно-корејска романтично мистериозна
драма базирана на „Barn Burning“, кратка приказна од Харуки Муриками за возачот Јонгсу кој случајно завршува во кревет со Хаеми, пријателка од училиште.