„The New York Daily News“ и „ProPublica“ се добитници на Пулицеровата награда за јавно новинарство, „Charleston Gazette-Mail“ за истражувачкото новинарство за проширена употреба на аналгетиците, новинари од „The Washington Post“ и „The New York Times“, и весници кои заедно со меѓународниот конзорциум ги открија Панамските документи.
Дејвид Фахрентолд од „The Washington Post“ ја доби националната награда за известување за претседателската кампања на Доналд Трамп бидејќи создал модел на транспарентно новинарство и следење на политичката кампања со истовремено изразување на сомнителност во тврдењата на Доналд Трамп за дарежливите добротворни здруженија.
Пулицеровата награда е најпрестижната награда во американското новинарство, а се доделува од 1917 гоина.
„The Daily News“ и „ProPublica“ портал специјализиран за истражувачко новинарство, ја разоткриле полициската злоупотреба на законите за иселување поради што стотици, главно сиромашни малцинства, останале без покрив над главата.
Наградени се и весниците „McClatchy“ и „Miami Herald“ кои беа дел од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, и во нивните текстови објаснувале на кој начин богаташите, политичарите и влијателните луѓе ги прикривале нивните пари во даночни засолништа.
Меѓународна награда за известување за Путин
Новинарите од весникот „The New York Times“ ја добија меѓународната награда за известување за напорите на рускиот претседател Владимир Путин да го заштити руското влијание во странство. Во Советот од 19 членови за Пулицерова награда се наоѓаат претходни победници и други истакнати новинари и академци. Победниците се избираат со помош на 102 членови од жирито.
Повеќе од 2.500 новинарски дела беа номинирани за 21 награда во категориите јавен сервис, ударни вести, карикатури и фотографии. 7 награди се доделуваат за фикција, драма, историја, биографија, поезија, нефикција и музика.
Пулицеровата награда започна да се доделува во 1917 година од новинарскиот издавач Џозеф Пулицер.