Муслиманите ширум светот денес го обележуваат најголемиот празник - Бајрам.
Кај муслиманите Бајрам се честита со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“, што во превод значи „Нека е благословен племенитиот Бајрам“.
Одговорот е: Алах рази олсун (Нека Алах биде задоволен од тебе).
Во текот на бајрамските празници муслиманските верници се посетуваат и го честитаат празникот на своите најмили, на роднините, соседите и
пријателите.